Кингсли Коман добил дозвола времено да ја напушти селекцијата на Франција за да присуствува на раѓањето на неговото дете, потврдија медиумите во неговата татковина.
Фудбалерот заминал во Шведска за да биде со неговата сопруга Сабрина Дувад, со која треба да го дијат четвртото дете.
28-годишниот напаѓач ќе се врати во тимот за средбата со Белгија в понеделник на 1 јули во рамките на 1/8 финалето на Европското првенство. Дуелот ќе биде одигран на Меркур Шпил Арена (Дизелдорф, Германија) со почетокот во 18.00 часот.