Кои се градовите, кандидати за домаќини на ОИ 2036 година?

Олимписките игри (ОИ)во Париз завршија вчера. За четири години олимпијците ќе се дружат во Лос Анџелес, во САД, а за осум години, во 2032-та, најголемиот спортски настан ќе се пресели во Бризбејн, Австралија.

Каде после тоа? Списокот на потенцијални кандидати за ОИ 2036 година полека се составува. Во моментов во оптек се четири земји кандидати, додека некои веќе се повлекоа поради преголемите трошоци и други интересни, но и бизарни причини.

Засега како официјален кандидат за организирање на ОИ 2036 година, се спомнува Истанбул во Турција, кој беше поразен во трките за ОИ 2000, 2008 и 2020 година.

Меѓу попознатите градови на листата е главниот град на Чиле, Сантијаго, кој веќе го почна процесот на собирање средства и организирање на кандидатурата. Прв пат по Рио 2016 година, Игрите би се вратиле во Јужна Америка, 20 години подоцна.

Преостанатите двајца актуелни градови/земји кандидати доаѓаат од Азија. Тоа е Индија, која се’ уште не го одредила градот каде што би се одржале Игрите, но се споменува Ахмедабад, кој доби поддршка од Франција и од претседателот Емануел Макрон пред почетокот на Игрите во Париз.

За другиот град, кандидат никој нема слушнато бидејќи не постои! Станува збор за Нусантара, која се планира да стане нов главен град на Индонезија, наместо Џакарта.

Таму се градат сосема нови објекти, а во оваа земја се убедени дека тоа ќе ги „привлече“ најдобрите спортисти на планетата да дојдат во оваа земја во 2036 година.

Кандидати кои би можеле да се остварат се Египет, кој планира да изгради целосно нов спортски комплекс во градот наречен „Нова административна престолнина“, а во Азија, Сеул, во Јужна Кореја, Ченгду-Чункинг во Кина, Доха во Катар и Ријад во Саудиска Арабија. .

Европа би можела да понуди уште три кандидатури, а за тоа сериозно размислува Будимпешта во Унгарија, потоа Фиренца и Болоња или Торино во Италија, што е малку веројатно поради Зимските олимписки игри (ЗОИ) за две години и на крајот Копенхаген во Данска. Од Северна Америка, Торонто и Монтреал во Канада, планираат да конкурираат.

За работите да бидат уште поинтересни, има и кандидатури кои се веќе или одбиени или самите земји веќе се повлекле.

Најгласен беше Мадрид, кој сакаше да се подготви за ОИ 2036 година, но на крајот реши целиот фокус да го насочи кон ОИ 2040.

Поради позната ситуација се повлече и украинската Одеса, а Игрите нема да ги видиме ниту во Лондон, барем не до 2040 година, кога овој град повторно сака да се вклучи.

Имаше интересирање и за организирање на ОИ и во Полска, но политичарот Доналд Туск најави дека земјата не е подготвена за такво нешто, додека Берлин се откажа поради фактот што тие ОИ ќе одржат 100 години по оние историските во овој град. Германија објасни дека „ова е време за создавање пријатели“.

Во Северна Америка, Мексиканците веќе се откажаа од Игрите, бидејќи сметаат дека конкуренцијата би била преголема.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО