Клупската телевизија на Јунајтед направи гаф – новинарката го прекина интервјуто

Манчестер Јунајтед вчера одигра подготвителен натпревар против екипата на Глазгов Ренџерс, која ја победија со 2:0.

Пред натпреварот, дел од навивачите на Јунајтед беа интервјуирани од клупската телевизија МУТВ, но новинарката направи еден неприметен гаф.

Таа пред почетокот на натпреварот на стадионот Марајфејд во Единбург, интервјуираше навивач кој носеше дрес од третата гарнитура на Јунајтед осе сезонава, но проблем е што тој дрес иако се продава, се уште не е официјално промовиран.

Откако на новинарката од клупската телевизија и беше сугерирано дека треба да го прекине интервјуто, таа го прекина без да го комплетира, а навивачите сметаат дека клубот направил голем гаф.

Јунајтед сезонава како трета гарнитура дресови ќе има бела боја со црвени нијанси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО