Клинсман: Германија е меѓу фаворитите за титулата на СП2026

Поранешниот германски селектор, Јирген Клинсман, оцени дека Германија има шанса да го освои Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Сè е можно. Германија е меѓу фаворитите, заедно со другите големи европски нации. Потоа, тука се и двете големи сили Бразил и Аргентина, кои исто така ќе имаат што да кажат“, изјави 61-годишниот Клинсман, кој како фудбалер ја освои светската титула во 1990 година.

Според Клинсман, Светското првенство во 2026 година ќе биде голем предизвик за сите учесници.

„Овој турнир ќе биде огромен предизвик за сите вклучени тимови – тоа ќе биде маратон. И зошто да не го поминеме овој маратон до крај и да направиме огромно изненадување со освојување на титулата светски шампион“, додаде тој.

Клинсман беше германски селектор на мундијалскиот турнир во 2006 година, кога Германија заврши третопласирана.

ФОТО: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО