Кjелини си замина од Лос Анџелес, ќе биде директор во Јувентус?

Поранешниот италијански репрезентативец, Џорџо Кjелини (40) ја напушти функцијата тренер за развој на играчи во ФК Лос Анџелес и планира да се врати на Апенините.

Поранешниот фудбалер би можел да се врати во Јувентус, за кого настапуваше 17 години, откако претходно се појавија информации дека би можел да стане технички директор на торинскиот клуб.

– Не е лесно да се најдат вистинските зборови за да ги изразам моите чувства. Мешавина од емоции го исполнуваат моето срце, но навистина сакам да му се заблагодарам на целото семејство на ФК Лос Анџелес.

Ви благодариме, ФК Лос Анџелес. Ова не е збогум, ќе се видиме во иднина, го потврди заминувањето од САД, Кјелини.

Можно е и негово враќање во италијанската репрезентација каде што веќе работи голманот, Џанлуиџи Буфон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО