Кирен Трипиер ќе го напушти Њукасл?

Според информацијата што ја објави „Телеграф“, Вест хем се обидува да ја засили десната бековска позиција и размислува за ангажирање на англискиот репрезентативец, Кирен Трипиер.

Лондончани беа заинтересирани и за Арон Ван-Бисака од Манчестер јунајтед и за Кајл Вокер-Петерс од Саутемптон, но не успеаја да ги договорат нивните трансфери, иако и двајцата играчи се’ уште се високо ценети.

Вест хем сега е насочен кон Трипиер и е заинтересиран за него доколку стане достапен. Минатата сезона дефанзивецот одигра 28 натпревари во Премиер лигата и забележа 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО