Килијан Мбапе, ѕвездата на Реал Мадрид, наводно, ќе стане еден од сопствениците на францускиот второлигаш, СМ Каен.
Францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien) објави дека разговорите се во тек веќе неколку недели, а договорот се очекува да биде склучен „во наредните часови“.
Според договорот, Мбапе би го откупил делот на американскиот инвестициски фонд „Оуктри капитал“ кој купи 80 отсто од акциите во клубот 2020 година. Станува збор за сума од околу 20 милиони евра.
Мбапе кoj го напушти францускиот клупски фудбал летово истекот на договорот со ПСЖ минатиот месец ќе стане мнозински акционер на клубот, а сегашниот претседател на надзорниот одбор Пјер Антоан Каптон ќе го задржи својот удел од 20 проценти.
Се очекува „Оуктри капитал“ да ги насочи своите напори кон италијанскиот Интер откако ја презеде контролата врз клубот во мај.
Доколку Мбапе го заврши договорот, тој ќе стане сопственик на второлигашот француски тим со само 25 години. Скаутот на Каен, Дејвид Ласри, во документарец на Би-би-си откри дека клубот бил блиску до ангажирање на Мбапе кога тој имал само 13 години.