Кер : „Некои српски играчи плачеа по мечот. Се чувствував ужасно бидејќи одиграа феноменално“

Селекторот на кошаркарите на Соединетите Американски Држави, Стив Кер, имаше само ласкави зборови за селекцијата на Србија која одигра одличен меч и пружи фантастичен отпор на вчерашниот полуфинален меч, но не успеа да го запре „дрим-тимот“ да се пласира во финалето.

– Србија е фантастична репрезентација. Мислам дека одиграа речиси совршен натпревар. Тоа беше еден од најдобрите кошаркарски натпревари во мојот живот. Очигледно дека сум многу среќен што победивме.

Србија е многу добра репрезентација, многу добро водена. Никому не му е лесно да ги победи три пати по ред за краток временски период, чувствував дека ќе биде многу тешко.

Видов некои српски играчи како плачат по натпреварот. Се чувствував ужасно бидејќи направија се’, играа прекрасна кошарка, изјави Кер

На прашањето дали бил загрижен заради можниот пораз, Кер одговори: „Секако, да. Бев загрижен и вчера, и во текот на целиот натпревар. Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во светот, а српската репрезентација секогаш знае да игра, иако оваа нивна екипа не е најдобрата, во споредба со некои од претходните, изјави Кер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО