Шпанскиот голман Кепа Аризабалага оваа сезона ќе ја мине на позајмица во премиерлигашот Борнмут, објавија англиските медиуми.
Минатата сезона Кепа беше позајмен во Реал Мадрид поради повредата на Тибо Куртоа, но по враќањето во Лондон веднаш стана јасно дека тренерот Енцо Мареска нема да смета на неговите услуги.
Договорот со Борнмут е постигнат и голманот веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Андони Ираола.