Кек за црвениот картон: „Почна да се изживува, не му кажав ништо навредливо“

Португалија се пласираше во четвртфиналето на ЕП, откако во осминафиналето во Франкфурт по подобро изведување пенали ја совлада Словенија (3:0), откако по 120 минути игра немаше голови.

Кристијано Роналдо промаши пенал во 105. минута откако стоперот Вања Дркушиќ направи прекршок врз Диого Жота. Одлуката на судијата Даниеле Орсато не му се допадна на селекторот на Словенија, Матјаж Кек, кој протестираше и потоа доби црвен картон.

– Орсато почна да се нервира, не му кажав ништо навредливо, само го прашав зошто е досуден пенал. Можете да гледате на таа одлука како што  сакате. Потоа почна да ги дели картичките. Би било неправедно да се каже дека тој ни е виновен за поразот, зборуваше Кек

Кек вели дека во проодолженијата успеале да ги неутрализираат Португалците, да ја имаат топката во свој посед и да создадат една одлична добри шанса.

– За жал, не ја искористивме. Потребни е да имате и малку среќа. Ние ја немавме на овој натпревар, но сето тоа ќе ни се врати некој ден. Треба само да останеме скромни, додаде Кек.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО