Кејн: Мислам дека ова е најдобрата екипа која сме ја имале

Англија одигра одлични квалификации, а меѓу најдобрите во таборот на Томас Тухел беше напаѓачот Хари Кејн. Напаѓачот на „Гордиот Албион“ постигна осум голови и беше најдобар стрелец.

– Имавме одлична година со новиот селектор Томас Тухел, а сега со нетрпение ја чекаме 2026 година. Мислам дека е најдобрата екипа ја имаме, тука мислам на стартните „единаесет“ и на клупата. Сметам дека на Светското првенство се вбројуваме во кругот на фаворитите, истакна Хари Кејн.

Англија квалификациите ги заврши со победа од 2:0 против Албанија во Тирана, а првото место го освои со максимални 24 бодови и гол-разлика 22:0.

Светското првенство се игра од 11.јуни до 19.јули следната година во САД, Канада и Мексико.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО