Уште едно долгоочекувано засилување пристигнува во Јувентус. Утрово на аеродромот во Торино од Ница пристигна Кефрен Турам, кој се сели во Јувентус на трајна основа за сума од 20 милиони евра, плус пет милиони во вид на бонуси.
Минатата година Турам (23) играч од средениот ред, забележа 29 настапи, со по еден гол и една асистенција во Лига 1. Тој играше за Ница пет години, а денеска се очекува да ги мине лекарските прегледи и потоа да го потпише договорот со клубот од Торино.
Со него во Италија е и неговиот татко Лилијан, некогашна ѕвезда на францискиот и европскиот фудбал, и поранешен дефанзивец на Јувентус.