Ќе играат во ЛШ, а немаат победено сезонава во домашното првенство!

Со дvете победи, 3:2 дома и 1:0 на гости против Галатасарај, швајцарскиот Јанг бојс избори настап во годинашното издание на Лигата на шампиони (ЛШ).

Но, големиот успех на европската сцена малку остана во сенка на серијата лоши резултати во домашниот шампионат.

Иако ќе играат со европската фудбалска елита, со Барселона, Интер, Аталанта, како и со Астон вила, Шахтјор, Штутгарт, Селтик и Црвена ѕвезда, Јанг бојс, нема да го дочека во добра форма првиот натпревар против Вила.

Јанг бојс, ланскиот шампион на Швајцарија, пред мечот со англискиот клуб има уште еден домашен првенствен натпревар.

Тоа ќе биде дополнителна можност барем малку да се подобри бледиот впечаток од почетокот на сезоната во која по шест одиграни кола, Јанг Бојс ланскиот шампион на Швајцарија, е без победа и со само три освоени бода!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО