Каземиро заминува од Манчестер Јунајтед

Бразилецот Каземиро на крајот на сезоната заминува од Манчестер Јунајтед со истекот на неговиот договор, објави англискиот клуб. Каземиро ја игра четвртата сезона во редовите на премиерлигашот и има одиграно 146 натпревари и постигнат 21 гол.

Во дресот на Манчестер Јунајтед Каземиро освои два купа Лига куп 2023 година и ФА купот во 2024 година.

– Манчестер Јунајтед ќе ми биде во срцето до крајот на животот. Од првиот ден ја чувствувам љубовта која навивачите ми ја даваат. Има уште четири месеци до крајот и има уште натпревари. Мојот фокусот ќе биде дад дадам се од себе на секој натпревар, изјави Каземиро.

Бразилецот во Манчестер Јунајтед дојде од Реал Мадрид во август 2022 година, каде претходно успеа да освои и пехар во Лигата на шампионите. Инаку, сè уште не е познато каде Каземиро ќе ја продолжи сезоната.

Фото: Фејсбук

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО