Казахстанецот Генадиј Генадиевич Головкин (43) ќе биде назначен за претседател на новоформираната Меѓународна боксерска федерација (World Boxing), објави денеска организацијата.
World Boxing беше основан во 2023 година и сега брои 125 членови на пет континенти, вклучувајќи ја и Македонија.
Организацијата е основана како одговор на тековните проблеми со управувањето и интегритетот со кои се соочува Меѓународната боксерска асоцијација (IBA), што резултираше со нејзина суспензија, а подоцна и исклучување од Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Во првите две години, World Boxing беше предводен од Борис Ван дер Ворст, поранешниот претседател на холандската Федерација, кој во септември изјави дека нема да се кандидира за втор мандат.
World Boxing објави дека независен комитет за проверка разгледал неколку апликации од мажи и жени кои се кандидирале за претседателското место и оти само Головкин го минал изборот.
„Головкин ќе стане претседател на World Boxing со акламација на Конгресот на 23 ноември, кога ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател Борис ван дер Ворст“, објави организацијата.
Казахстанецот Головкин во минатото важеше за еден од најдобрите светски боксери. „Triple G“, како што го нарекуваа, Головкин беше светски шампион во средна категорија во верзиите WBA, WBC и IBF, а освои сребро на Олимписките игри во Атина во 2004 година.
Минатата година, тој беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на Казахстан.
ФОТО: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: