Катастрофален кикс на Мамардашвили во 90+3.минута и испуштена победа кај Севиља! (ВИДЕО)

Така е кога Столе Димитриевски е на клупа. Бадијала фантастичните одбрани на Македонецот на голот на Валенсија на последните неколку меча, и тоа не беше доволно да се покаже дека и натаму заслужува да биде прв голман. Но стручниот штаб мислеше поинаку, вечерва шанса доби Мамардашвили кој во изминатиот период беше повреден и погреши во таа своја одлука.

Валенсија на гости кај Сеиаља со голот на Риоха во 61.минута имаше водство од 0:1 се до 90+3.минута кога Педроса од очај шутираше од 25 метри а голманот на Валенсија направи катастрофален кикс и прими гол со кој на својот тим му “откина“ два драгоцени бода.

Што ли сега ќе каже тренерот на Валенсија, Корберан по киксот на “неговиот“ прв голман Мамардашвили.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО