Германскиот фудбалер во редовите на Барселона, Илкај Гундоган, добил понуда да замине во Катар, во екипата на Ал Саад, тврдат дел од медиумите во Шпанија.
Наводно, Катарците му ветиле тригодишна соработка и одлични финансиски поволности на Гундоган, кој има уште една година од договорот со Барса.
Тој се’ уште не се изјаснува околу понудата, но Каталонците во 33-годишниот плејмејкер и натаму гледаат како на значајна алка во тимот предводен од новиот тренер, Ханси Флик.