Катаму: Многу сум горд што придонесов за првата победа на Мозамбик во историјата на Африканскиот куп на нации

Фудбалерот на Мозамбик, Џени Катаму, ги искажа впечатоците по вчерашниот триумф над Габон со 3:2 во второто коло од групната фаза на Африканскиот куп на нации.

– Многу сум горд што го претставувам Мозамбик и што придонесов за првата победа на мојата репрезентација во историјата на Африканскиот куп на нации. Горди сме на оваа победа. Се надевам дека ќе нè мотивира да продолжиме да работиме и ќе ѝ донесе на нашата земја уште повеќе победи. Ги молам луѓето да продолжат да нè поддржуваат. Можеме да стигнеме далеку, а нашата цел е да продолжиме да се движиме напред на овој турнир, изјави Катаму за сајтот на Африканскиот куп на нации.

Мозамбик ја обезбеди својата прва победа во историјата на Африканскиот куп на нации. Катаму беше прогласен за играч на натпреварот против Габон.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО