Касемиро за Анчелоти: Тој ги трансформираше Винисиус и Милитао во Реал, тешко е да се најде некој што не се сложува со него

Бразил синоќа во Лондон го победи Сенегал со 2:0 во пријателски натпревар. Стрелецот на вториот гол, Касемиро зборуваше за улогата на селекторот Карло Анчелоти во развојот на Винисиус и Едер Милитао.

– Секогаш се сложував многу добро со него. Кога дојде во Реал Мадрид по втор пат, го трансформираше Вини. Луѓето имаа сомнежи за Винисиус, но Анчелоти беше тој што ги трансформираше Вини и Милитао. Секогаш се сложуваше одлично со Бразилците. Тешко е да се најде некој што не се сложува со него. Како што велат во фудбалскиот свет, тој сака да се шегува за да создаде забавна атмосфера. Но, кога ќе дојде време за натпревар, тој е немилосрден, рече поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид и сегашен играч на Манчестер јунајтед.

Бразил го донесе Анчелоти со надеж дека ќе успее да го освои Светското првенство 2026.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО