Каземиро не сака да го напушти Јунајтед

Каземиро, играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, не сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми објавија дека Галатасарај е заинтересиран за Бразилецот, но проблемот е што тој има астрономска плата која турскиот клуб не може да му ја исплаќа. Во Јунајтед, Каземиро неделно заработува 375.000 фунти!

Преодниот рок во Турција завршува на 13 септември, но „Дејли мејл“ пренесува дека Каземиро не е подготвен да се пресели во Турција и ќе одбие каква било понуда од Турција.

Каземиро, во неделата одигра ужасно против Ливерпул, директно е виновен за првите два гола. Поради тоа не престануваат критиките на негова сметка, а сигурно е дека неговиот статус ќе се смени со доаѓањето на Мануел Угарте.

Се очекува дека Угарте ќе биде стартер кај Тен Хаг, а Каземиро ќе се пресели на клупата за резерви.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО