Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го критикуваше новиот формат во Лигата на шампионите, сметајки дека има многу натпревари.
Тимот на Анчелоти игра против Штутгарт во првото коло, но пред новинарите рече дека тој лично се залага за помал број натпревари, се со цел да се избегнат голем број повреди кај играчите и да не дојде до пад на квалитетот на лигата.
– Ако надлежните органи не почнат да мислат дека играчите ќе се повредуваат затоа што играат премногу, тогаш имаме проблем. Барам да се намали бројот на натпреварот, со цел да имаме подобро натпреварување, истакна Анчелоти.
Многу други клубови индиректно негодуваа поради новиот формат на ЛШ, додека сега во сето тоа се вклучува и независниот синдикат на фудбалери, со цел да се пронајде решение за намалување на притисокот врз играчите.
Оваа сезона треба да биде како пилот проект, односно да се види дали сите новини воведени се функционални, или повторно би се враќал стариот систем.