Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби на првиот ден од натпреварите на Европската универзијада во Унгарија, забележа одлични резултати.
Петар Заборски (до 75 кг) и Данило Божовиќ (над 84 кг), успеаја да влезат во финалето, а Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата ( до 68 кг).
Стефан Стојановиќ загуби и не се пласира во финалето. Потоа во борбата за бронзен медал оствари резултат од 1:1, но поради правилото на прв освоен поен на крајот мораше да се задоволи со петтото место.