Карабатиќ на шокантен начин се простува од ракометот: Готово е!

Француските ракометари се елиминирани од Олимписките игри (ОИ), од Германија и тоа очигледно тешко им падна. Германија славеше против Франција со 35:34 по продолженијата во четвртфиналето, и се пласира во завршницата на ОИ.

Никола Карабатиќ, најтрофејниот, и за многумина еден од најдобрите ракометари на сите времиња, на шокантен начин се простува од ракометот.

– ГОТОВО Е! Повеќе никогаш нема да доживеам ваква атмосфера. Со задоволство ја завршувам кариерата, и во иднина секако ќе продолжам да ја бодрам оваа талентирана француска репрезентација. Ги остварив своите спнови, горд сум на сите титули и медали кои заедно ги освојувавме, порача Карабатиќ.

Тој само кратко се осврна на мечот со Германија.

– Многу сме разочарани, спортот знае да биде суров, порача Карабатиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО