Капитенот на Ипсвич одби да ја носи лентата со виножито. Клубот застана зад него!

Клубовите од англиската Премиер лига учествуваат во кампањата на „Stonewall’s Rainbow Laces“, која што трае од 29 ноември до 5 декември, за поддршка на ЛГБТК+ заедницата за вклучувањето во спортот.

Минатиот викенд капитените на 19 клубови носеа ленти во боја на виножитото во согласност со оваа иницијатива, а единствениот кој одби да го стори тоа беше капитенот на Ипсвич, Сем Морси (33) на мечот со Нотингем форест (0:1).

Морси е египетски репрезентативец од муслиманска вероисповед што беше причината да одбие да ја носи лентата. Во соопштението, Ипсвич ја истакна нивната „посветеност за вклучување и добредојде на сите навивачи“, но исто така рече дека ја почитуваат одлуката на капитенот.

Клубот планира дополнителни иницијативи пред вечерашниот натпревар со Кристал палас, вклучително и објавување пораки на семафорот на стадионот неколку моменти пред почетокот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО