Џонатан Тах (28), капитен на Баер Леверкузен и германски репрезентативец е на чекор од преселба во Барселона. Тах во Барселона би се преселил како слободен играч, објави Фабрицио Романо.
Тах, кој минатата сезона како капитен го предводеше Баер до двојната круна и до финалето на Лига Европа, на 30 јуни наредната година му истекува договорот со актуелниот шампион во Бундеслигата.
Требаше да се пресели во Минхен, кај големиот ривал Баерн, но се чини дека Барселона им го украде дефанзивецот.
Тах и Баерн веќе неколку месеци водат преговори. Баерн беше заинтересиран да го донесе минатото лети и да плати одредена сума, но дефанзивецот реши да остане уште една сезона во Леверкузен и потоа да си замине без обештетување.
Во Минхен беа сигурни дека ќе го обезбедат потписот на Тах и поради тоа ги продолжија преговорите. Сепак Баерн ќе остане со „празни раце“, барем така тврди инсајдерот Фабрицио Романо.
Според новинарот, спортскиот директор на Барселона Деко вчера слетал во Леверкузен и таму се сретнал со Тах и неговиот менаџер Пини Захави.
„Барселона ја достави првата понуда до Тах, а потоа преговорите напредуваа толку многу што остана само да се договорат деталите и трансферот ќе биде реализиран“.
За девет и пол години во Леверкузен, Тах одигра 374 натпревари, постигна 15 и забележа 12 асистенции. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 30 милиони евра.