Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија (до 21 година), Драги Канатларовски го објави списокот со повикани играчи за квалификациските натпревари, група Ц, против Холандија (5. септември) и против Гибралтар (9. септември), за пласман на ЕП 2025.
На списокот на селекторот Канатларовски за двата гостински меча се следните 24 фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски – Хапоел Ерусалим (Израел), Андреј Јовчевски – Пелистер, Филип Купанов – Брера А.П.
Одбрана: Стефан Деспотовски – Шериф Тираспол (Молдавија), Решат Рамадани – Шкендија, Имран Фетаи – Беса, Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка), Ѓорѓе Џеков – Силекс, Ерен Алиевски – Трелеборг (Шведска), Анес Мелиќи – Шкендија
Среден ред: Иван Николов – Сондеријске (Данска), Ардијан Цилафи – Сампдорија (Италија), Хамза Рамани – Шкупи, Бесар Гуџуфи – Шкупи, Димитар Тодоровски – Брера А.П., Ване Крстевски – Шкендија, Мартин Ѓеоргиевски – Брера А.П., Бехар Фета – Марибор (Словенија), Фисник Исаки – Б93 (Данска), Михаил Талевски – Пелистер, Матеј Ангелов – Черкаси (Украина)
Напад: Марио Илиевски – ЦСКА 1948 (Бугарија), Фитон Адеми – Шкендија, Филип Трпчевски – Хакен (Шведска).
Собирот на македонската репрезентација е закажан за 2. септември. Во квалификациската група за пласман на ЕП 2025 година, Македонија забележа две победи на досегашните шест натпревари. Холандија е со максимален учинок од седум победи.
Група Ц
1. Холандија 21 (7)
2. Грузија 13 (6)
3. Шведска 10 (6)
4. Молдавија 6 (7)
5. Македонија 6 (6)
6. Гибралтар 3 (8)