Канада врати двајца тренери дома поради инцидентот со дронот

Селекторката на женската фудбалска репрезентација на Канада, Беверли Пристман, нема да ја предводи екипата против Нов Зеланд, откако двајца членови на нејзиниот Стручен штаб беа испратени дома поради прелетувањето на дронот над теренот, на тренингот на противничките.

Јасмин Мандер, асистентката на Пристмен, е вратена дома, заедно со „неакредитираниот аналитичар“, Џозеф Ломбарди.

Пристман (38) „доброволно се повлече“ од утрешниот натпревар во Сент Етјен, откако Олимпискиот комитет (ОК) на Нов Зеланд објави дека во понеделникот над нивниот тренинг прелетал дрон.

Пристман изјави дека ја презема одговорноста за постапките на нејзините колеги.

– Прво и најважно сакам да им се извинам на играчите и на персоналот на Нов Зеланд, како и на играчите и на тимот на Канада. Ова не ги претставува вредностите за кои се залага нашиот тим, рече Пристман.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО