Камила Валиева: Зад позитивниот тест стои контаминиран десерт од јагоди!

Суспендираната руска уметничка лизгачка, Камила Валиева во извештајот што вчера го објави Судот за спортска арбитража (САС), изјавила дека позитивниот допинг тест можеби бил предизвикан од десерт од јагоди!

Десертот го подготвил дедо и“, Генадиј Соловјов на истата даска за сечење што ја користел за да ги скрши неговите апчиња. Друго објаснување од Валиева е дека можеби споделила чаша што ја користел дедо и’ за да ги раствори лековите!

CАС утврдил дека објаснувањето на Валиева „не било потврдено со никакви конкретни докази“. Валиева доби четиригодишна забрана откако беше позитивна на забранетиот лек за срце триметазидин во декември 2021 година, кога имаше 15 години.

Валиева, сега 17- годишна, стана глобална ѕвезда на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2022 година во Пекинг, станувајќи првата жена лизгачка која успеала да направи четирискок и да освои екипно злато.

Нејзиното прекршување на анти-допинг правилата е забележано во нејзин примерок за време на првенството на Русија, на 25 декември 2021 година, почетокот на нејзината суспензија.

Руската антидопинг агенција (Русада) првично соопшти дека тинејџерката нема „вина или небрежност“ за неуспешниот тест. Но Светската антидопинг агенција (Вада) поднесе жалба до САС, највисокиот спортски суд.

Резултатите на Валиева од датумот на нејзиниот неуспешен тест се поништени, вклучително и нејзиниот придонес во екипниот златен медал на ЗОИ.

Рускиот олимписки комитет (РОК) соопшти дека ќе се жали на таа одлука до Интернационалната унија за лизгање (ИСУ). Кремљ соопшти дека не ја прифаќа пресудата за САС, ниту пак одлуката на Русија да и’ се одземе златото и да и се даде бронза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО