Каква ждрепка во Париз: Можеби последна, историска пресметка меѓу двата гиганта?

На следните Олимписки игри (ОИ) во Лос Анџелес, Рафаел Надал ќе има 42, а Новак Ѓоковиќ 41 година. Логично е да се заклучи дека ОИ во Париз ќе бидат последни за двајцата тенисери кои одбележаа една ера.

И не само за нив! Енди Мареј веќе изјави дека ова е последен пат да го претставува Обединетото Кралство, а и Станислав Вавринка исто така дека последен пат во кариерата игра на ОИ.

Денеска беше објавена ждрепката за олимпискиот тениски турнир што ќе се игра од 27 јули до 4 август. Доколку Ѓоковиќ го победи Австралиецот Ебден и ја мине првата пречка во Париз, на втората ќе го чека Надал.

– Ја видов ждрепката и знам дека има големо интересирање, но секако треба двајцата да ги победиме противниците во првата рунда за да тој меч биде спектакл, потсетување на старите добри времиња кога игравме на најголемите светски турнири, изјави Ѓоковиќ.

Секако, доколку и Шпанецот го направи своето и го елиминира Унгарецот Фучович, што нема да биде нималку лесна задача. Тоа ќе биде потенцијално нивна најрана средба на турнир ако се занемари завршиот Мастерс каде што се игра по групи, и вкупно 60-та меѓусебна средба (Ѓоковиќ води со 30:29), можеби последна .

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО