Каков шок: Почина екс играчот на Лестер, Мидлсброу, ПСЖ, Лидс

Некогашниот фудбалер на Лестер и на повеќе други клубови, Сол Бамба, починал во 39. година од својот живот, потврди неговиот актуелен клуб Аданаспор.

Како што стои во известувањето за неговата смрт, прво му се слошило, па бил однесен до најблискиот клинички центар да му биде укажана помош, но лекарите не успеале да го оддржат во живот и констатирале смрт.

– Нашиот тренер Сулејман Бамба, на кого во петокот му се слоши пред мечот со Масис, беше однесен во универзитетската болница, за жал го загуби животот. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите, истакнаа на кратко од Адана.

Во јануари 2021 година беше објавено дека му е дијагностициран Хочкинсов лимфом, односно една од најагресивните врсти на рак, а неколку месеци по таа дијагноза, беше потврдено дека тој се излекувал, односно дека ракот се повлекол, но се чини дека поради компликации од оваа болест, тој ја губи битката.

Во кариерата играше и за ПСЖ, Хиберниан, Трабзонспор, Палермо, Лидс, Кардиф и Мидлсброу. За репрезентацијата на Слоновата коска, одигра 46 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО