Фудбалерот Франсиско Консеисао ќе мора да отсуствува месец дена поради повреда на мускулот на десната нога.
Консеисао се повредил на вчерашниот тренинг објавија од Јувентус, па ќе мора да не планираат на него извесен период.
– По одработените прегледи, утврдено е дека Консеисао го повредил мускулот на десната нога. Играчот за 10 дена ќе оди повторно на нови прегледи, да се види до каде оди неговото опоравување, соопштија од Јувентус.
Консеисао пред само десетина дена пристигна во Јувентус, на позајмица од фудбалскиот клуб Порто. Тој за Јувентус дебитираше на 1 септември на мечот против Рома (0:0).