Каков крах за Де Хеа: Бараше многу, доби премалку!

Шпанецот Давид Де хеа потпиша за фудбалскиот клуб Фиорентина. Тој по една сезона без ангажман, реши да брани во Серија А.

Но интересен е фактот што Де Хеа имаше опција и да остане во Манчестер јунајтед, да заработува далеку помалку од претходните сезони, но сепак да остане, но тој тоа го одбил.

Во Јунајтед заработуваше 430.000 евра неделно, додека пред да замине, го убедувале да остане доколку сака за 150.000 неделно, но тоа нему не му се допаднало, па реши да стане слободен агент.

Иако го поврзуваа со повеќе екипи, со Баерн, Реал, Милан, Севилја, тој остана слободен агент цела една сезона, па од новата сезона, ќе настапува во Фиорентина.

Таму, верувале или не, ќе заработува речиси 12 пати помалку од она во Манчестер, или 35.000 евра неделно, што од сегашна перспектива, Де Хеа веројатно згреши што не прифати повеќекратно намалување на платата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО