Јувентус му порача на капитенот да си бара нов клуб

Челниците на Јувентус го известиле бразилскиот дефанзивец и капитен на тимот Данило дека е слободен да го напушти клубот.

Дефанзивецот кој сезонава забележа 16 настапи има договор до крајот на сезоната, но клубот ќе се обиде да заработи, па макар и симболична сума од неговиот трансфер.

Има неколку клубови кои би можеле да влезат во трката за услугите на Данило. Прв во низата е Наполи, чиј тренер Антонио Конте бара ширина во бековската линија, но и искуство и квалитет, што секако може да ги понуди Данило. Тој самиот претпочита да оди на југот на Италија.

Од друга страна, медиумите тврдат дека техничкиот директор на Јувентус контактирал со Милан за да се обиде да им го продаде Бразилецот, но тие не го добиле одговорот на кој се надевале.

Данило има 33 години и пристигна во Јуве во 2019 година од Манчестер сити кога Жоао Кансело тргна во спротивна насока

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО