Челниците на фудбалскиот состав, Јувентус, ќе направат напор да го ангажираат во текот на летово играчот на Борусија, Дортмунд, Карим Адејеми, наведуваат денешните информации во италијанските медиуми.
„Старата дама“ сака да се засили на страничните позиции а изборот паднал на 22-годишниот крилен напаѓач кој сеуште не стартувал преговори со „милионерите“ за евентуално продолжување на соработката.
Адејеми во претходната сезона се појави на 21 меч и успеа да даде три гола и да направи една асистенција.