Јунајтед ќе загуби 75 милиони евра, доколку најде купувач за тоталното промашување

Антони не успеа да се наметне во Манчестер Јунајтед од неговиот трансфер од Ајакс од 95 милиони евра во 2022 година. Затоа, „црвените ѓаволи“ се обидуваат да најдат можност да се разделат со бразилското крило, кое има 1 гол на 12 натпревари од стартот на оваа сезона.

Кога Тен Хаг дојде во Јунајтед, го донесе Антони со себе и ја убеди управата да плати огромни 95 милиони евра за него. Тој не ги оправда очекувањата, а неговата цена падна драстично и тој сега вреди 20 милиони евра, исто колку што вредеше пред пет години играјќи за бразилски Сао Паоло.

Пред фудбалерот се појави интересна можност за преселба во грчкиот гигант Олимпијакос. Според информациите, Олимпијакос не е подготвен да го купи играчот, но го сака на позајмица. Останува согласност да даде тимот од „Олд трафорд“.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО