Јоро на патерици, го пропушта стартот на сезоната

Лени Јоро, засилувањето на Манчестер јунајтед, најверојатно нема да биде подготвен за стартот на сезоната. Фудбалерот кој неодамна пристигна на „Олд Трафорд“ од Лил за 62 милиони евра, се повреди неодамна на мечот со Арсенал (1:2) на американската турнеја.

Францускиот стопер се наоѓа во базата на Јунајтед во Лос Анџелес, тој е забележан како се шета со патерици и носи чизна за заштита на левата нога.

Јоро нема да игра во последните два подготвителни натпревари на Јунајтед, против Бетис и Ливерпул, а рРаботите да бидат полоши, многу е веројатно дека 18-годишниот дефанзивец ќе го пропушти и почетокот на сезоната.

На 10.август на „Вембли“, Јунајтед игра за Купот на Комјунити Шилд против Манчестер сити, додека во првото коло од Премиер лигата игра на домашен терен со Фулам шест дена подоцна.

Бидејќи Лисандро Мартинез се уште е на одмор по освојувањето на Копа Америка со Аргентина, Тен Хаг може да се потпре само на искусните Хари Мегваер, Џони Еванс и Виктор Линделоф.

Од друга страна, позитивно е што Расмус Хојлунд не е тешко повреден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО