Огнен Јарамаз по разделбата со Партизан, откри дали всушност бил во конфликт со тренерот Жељко Обрадовиќ.
Соседните медиуми пишуваа многу на таа тема, дека Јарамаз ги доведувал во прашање тактичките замисли за Жоц и тренинзите, а како втора причина поради наводно незадоволство, медиумите брифираа дека во прашање била платата.
Но Јарамаз ја заврши својата епизода со Партизан и сега конечно откри што се случувало зад големото медиумско око.
– Тоа што се пишуваше беше невистина. Бев повреден месец дена, немав никакви проблеми со Обрадовиќ. Нашиот однос беше добар, затоа не играв, не се чувствував добро. Басконија е за сега мојата највисока точка во кариерата. Голем предизвик и среќен сум што го прифатив. Се надевам дека ќе одговорам соодветно на дадените задачи и ќе му помогнам на клубот, порача Јарамаз.