Јанис најавува заминување од Милвоки

Играчот на грчката кошаркарска репрезентација и на НБА лигашот Милвоки Јанис Адетокумбо најави потенцијален „трејд“ по завршувањето на сезоната. Тој прво сака да освои уште една титула со сегашниот клуб, но доколку клубот нема шампионски амбиции заминувањето е потенцијална опција.

Милвоки Бакс успеа да ги издржи притисоците овој февруари за премин на Јанис, но неговите изјави последните денови можат да донесат промена во текот на летото. Еден од условите е Милвоки – тимот да формира шампионски тим.

– Најважно е да го освојам шампионатот со Милвоки. Ако тоа не се реализира можеби ќе треба да ја сменам насоката, навистина сакам победи, изјави Јанис за време на Ол стар викендот.

Адетокумбо со 31 година и две МВП награди во повеќе наврати истакна желба за титула.

Пред истекот на периодот на „трејд“ за Адетокумбо беа заинтересирани Мајами Хит, Минесота Тимбервулвс и Голден Стејт Вориорс, а како дополнителен кандидат ми можел да биде и тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Фото: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО