Јаник Синер пред УС ОПЕН донесе прилично шокантна одлука

Италијанскиот тенисер Јаник Синер донесе прилично изненадувачка одлука на само неколку дена пред почетокот на УС ОПЕН, последниот гренд слем сезонава, а предизвикано од допинг скандалот кој беше откриен неодамна.

Да потсетиме, поради скандалот со допингот, на Синер му се одземени 400 бодови на АТП листата, но и цела заработка на дел од претходните турнири, но не беше суспендиран.

Се си имаше последица, а тоа резултира со два откази, Синер ги отпуштил кондицискиот тренер Умберто Ферари, како и физиотерапевтот Џакомо Налди, кои индиректно биле фактори за тоа што тој ја имал во себе недозволивата супстанца.

Според информациите на Кориере дело спорт, Налди, го користел спорниот спреј, кој содржи клостебол, поради посекотина на прстот за време на Индијан Велс, но за тоа не го известил ни Синер, ни Ферари, ги масирал стапалата на италијанскиот тенисер со таа недозволена супстанца и тоа допрело до внатрешниот систем на Синер, по што на тестирањата, се докажало дека го имал во себе тоа што не треба да го има.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО