(ВИДЕО) Избран е најдобриот играч на Африка за 2024-та

Нигериецот, Адемола Лукман (27) избран е за најдобар африкански фудбалер во 2024 година. Напаѓачот на Аталанта ја доби наградата на свечениот настан на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.


Нигериецот ги постигна трите гола за Аталанта во победата над Баер Леверкузен (3:0) во финалето на Лига Европа (ЛЕ), а минатата сезона постигна вкупно 17 гола за клубот од Бергамо. Во тековната сезона веќе има дадено11 гола.

Во конкуренција за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (ПСЖ), Гвинеецот Серхи Жираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман, Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс).

Лукман е роден во Лондон од родители од Нигерија. Тој играше за Чарлтон, Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер пред да мине во Аталанта во 2022 година.

Најдобрите ги бираат селекторите и капитените на репрезентациите. Минатогодишен добитник на признанието најдобар играч во Африка беше Нигериецот, Виктор Осимен, тогаш играч на Наполи, а сега на истанбулски Галатасарај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО