Иван Јуриќ ќе биде новиот тренер на Рома

Даниеле Де Роси (41) повеќе не е тренер на Рома, потврди римскиот клуб преку објава на својата официјална веб-страница. Де Роси, легенда на Рома, доби отказ бидејќи нема победа во првите четири рунди во Серија.

Рома има биланс од три нерешени и еден пораз, со гол разлика 2:3. Де Роси, кој одигра 616 натпревари за Рома од 2001 до 2019 година, поради лошите резултати доби отказ.

Сега се поставува прашњето кој ќе го наследи?

Италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио, Николо Шира и Алфредо Педула пишуваат дека главен кандидат е хрватскиот стручњак Иван Јуриќ (49). Ди Марцио наведува дека Рома размислува и за Един Терзиќ и Томас Тухел, додека Масимилијано Алегри, Стефано Пиоли и Маурицио Сари моментално ги нема во конкуренција.

Шира тврди дека Јуриќ потврдил дека е подготвен да го преземе тимот и дека денеска треба да оди на ручек со техничкиот директор на Рома, Флоријан Гисолфи.

Според досегашните сознанија, Рома на Јуриќ му нуди договор до крајот на сезоната, кој автоматски би бил продолжен за уште една година доколку избори пласман во Лигата на шампионите.

Педула ги надополнува информациите на колегите дека менаџерот на Јуриќ веќе пристигнал во Рим за да разговара со раководството на Рома и ги потврдува наводите на Шира за договорот што би го добил Јуриќ.

Иван Јуриќ целата кариера е тренер во Италија, без работа е од крајот на минатата сезона кога по три години си замина од Торино.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО