Италија со пресврт до победа против Албанија во 1. коло од групната фаза на ЕП

По неочекуваниот расплет на настапи уште во првата минута, кога Албанија постигна најбрз гол во историјата на Европските првенства, Италија мораше да прави пресврт за прв триумф на ова ЕП.

Скоро и никој да не очекуваше таков расплет, кога по само неколку секунди игра, Албанија доаѓа до предност на натпреварот преку Бајрами, што беше шокирачки за Италијаните.

Но не помина многу за Италија да се врати во резултатска неизвесност односно егал, па само десет минути подоцна, преку Бастони, Италија доаѓа до 1:1.

Исто така и по овој гол, Италија не престана да игра фудбал, туку напротив, ги стеснија своите редови и за пет минути повторно постигнаа гол, овој пат преку Николо Барела во 16. минута.

Тоа практично беше и конечниот резултат на натпреварот, иако и двете репрезентации имаа шанси за уште по некој гол во вториот дел, резултатот остана непроменет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО