Италија подобра од Хрватска во „ватерполо класиката“

Ватерполо репрезентацијата на Италија ја совлада Хрватска во второто коло на олимпискиот турнир со 14:11. Овој меч беше реприза на финалето на Светското првенство (СП) во Доха, каде што хрватските ватерполисти го освоија златниот медал.

Италија водеше со 1:0 и 2:1, но Хрватска првата четвртина ја заврши со водство од 4:3. На почетокот од втората четвртина Харков погоди за 5:3, но оттогаш почна падот на Хрватска. Италијанците брзо стигнаа до 5:5, а на полувремето беше 6:6.

На половината од третата четвртина Италија имаше водство од 10:7 што Хрватска не можеше да го достигне. Италијанците рутински ја одржуваа таа предност и без поголеми проблеми го добија натпреварот. Клучно за поразот на Хрватите беа шесте примени гола во третата четвртина.

Најефикасен кај Италија со четири гола беше Франческо ди Фулвио, а по два постигнаа Андреа Фондели, Гонзало Еченик и Лоренцо Бруни.

Италијанците ја постигнаа втората победа и сега се на лидерската позиција со шест бода. Хрватска и Грција имаат по три бода, но Грците имаат натпревар помалку. Црна Гора, САД и Романија се без бодови.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО