Испаѓањето на Наполи посебно го израдува Јувентус!

Барселона го елиминира Наполи во осминафиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) со вкупни 4:2. Тоа беше добра вест за Јувентус бидејќи со тоа „старата дама“ се пласира на клупското Светско првенство (СП) 2025.

За такво нешто да се случи на Јувентус му беше потребно Наполи и Лацио да бидат исфрлени во осминафиналето од ЛШ. Пред Наполи, Лацио беше елиминиран од Баерн Минхен.

Следната година клупското СП ќе се игра според нов формат. Во завршницата што ќе се одржи во САД, од 15 јуни до 13 јули 2025-та, ќе учествуваат 32 тима од шесте конфедерации, членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Европската фудбалска унија (УЕФА) доби 12 места, а досега се квалификуваа Челси (победник во ЛШ 2021-та), Реал Мадрид (победник во 2022-та), Манчестер сити (победник во 2023-та), Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд и Јувентус.

Учеството на клубовите на клупското СП се одредува според рангирањето на УЕФА во последните четири години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО