Првакот на Англија Ливерпул се соочува се сериозен проблем откако новото засилување Александер Исак е повреден. Типот на повредата не е познат, но првичните прогнози се дека играчот ќе отсуствува неколку месеци и дека има скршеница. Се очекува во текот на денешниот ден биде објавена информацијата за степенот на повредата.
Исак, кој на дуелот со Тотенхем влезе како резерва и постигна гол. При постигнувањето на голот врз него стартуваше противничкиот играч Мики ван де Вен, по што Исак мораше да го напушти теренот во придружба на медицинскиот тим.
Отсуството на Исак е дополнителен проблем за „црвените“ бидејќи екипата е ослабена откако Мохамед Салах замина да настапува на АФКОН со Египет, а на листата на повредени е и Коди Гакпо. Единствено на располагање на менаџерот Арне Слот е Уго Екитике.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: