ИОК и се извини на Јужна Кореја што ја нарече Северна Кореја!

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и се извини на Јужна Кореја откако нејзината делегација беше претставена како Северна Кореја во телевизискиот пренос на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

„Искрено се извинуваме за грешката направена во претставувањето на корејските спортисти за време на емитувањето на церемонијата на отворањето“, изјавија од ИОК.

Инаку, додека јужнокорејската делегација пловеше на брод покрај Сена и беше во центарот на вниманието како 48-та земја, најавувачот од француско говорно подрачје рече: „Демократска Народна Република Кореја“, што е официјалното англиско име на Северна Кореја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО