Инцидент во ноќен клуб: Скапата ѕвезда на Гвардола завршила зад решетки?

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Матеус Нунес, минал неколку часа зад решетки! Играчот чиј трансфер пред една година чинеше дури 64 милиони евра бил уапсен на 8 септември, а за инцидентот во кој тој бил вмешан се дозна по речиси еден месец.

Како што објави „Ел Мундо“, 26-годишнiot Португалец бил уапсен во ноќниот клуб „Ла Ривиера“ во Мадрид бидејќи, му го украл мобилниот телефон на лице кое наводно го фотографирало во тоалет.

Нунес потоа бил приведен во полициска станица каде што дал изјава за кривично дело кражба, потврдија од мадридската полиција.

Инцидентот се случил околу 5.30 часот во ноќниот клуб каде што бил Нунес со неколку пријатели. Тој немал обврски тој викенд, поради паузата во првенството и мечевите во Лигата на нации (ЛН), затоа што не бил повикан во репрезентацијата.

Според полицискиот извештај, Нунес му го украл мобилниот телефон на 58-годишен маж. Што точно се случило сè уште не е сосема јасно.

Некои очевидци рекле дека мажот наводно се обидел да го фотографира играчот во тоалетот, а фудбалерот многу се налутил, му го зел мобилниот телефон и му рекол дека нема да му го врати бидејќи без дозвола го фотографирал! Полицијата, пак, соопшти дека Нунес се однесувал многу дрско.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО