Интер со убедлива победа го почна новото коло во Серија А

Фудбалерите на Интер ја совладаа Парма со 3:1 во натпреварот од 15. коло во италијанската Серија А одигран денеска. Шампионот на Италија беше сигурен на домашен терен и рутински оствари триумф со кој стигна до 31 бод и се израмни на второто место на табелата со Аталанта. Домаќините поведоа во 40. минута кога левиот бек Федерико Димарко се најде во шеснаесетникот на својот поранешен клуб и ја искористи асистенцијата на Хенрих Мхитаријан за да ја затресе мрежата на Парма. Избраниците на Инзаги ја удвоија предноста во 56. минута со голот на Барела, додека во 67. минута по корнер, Маркус Турам остана сам на втората статива и по третпат ја смести топката во мрежата на гостите. До крајот на натпреварот Матео Дармијан во 81. минута ја смести топката во сопствената мрежа за конечни 3:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО