Интер го објави потписот со напаѓачот Мехди Тареми

Поранешниот напаѓач на португалскиот Порто, Мехди Тареми се пресели во Интер како слободен играч. Ова беше објавено на официјалниот сајт на италијанскиот фудбалски клуб.

Договорот со 31-годишниот Иранец е до 30 јуни 2027 година.
Според пишувањата на медиумите, клубот од Милано пролетва се договорил со Тареми за трансфер како слободен играч.

Тареми играше за Порто од 2020 година. Минатата сезона напаѓачот одигра 35 натпревари за „змејовите“ во сите натпреварувања, на кои постигна 11 гола.

Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра. Да потсетиме, Интер го освои првото место Серија А минатата сезна откако на 38 натпревари освои 94 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО