Интер едвај до бод на гостувањето кај Монца!

Се играше 88.минута кога Дамфрис успеа да израмни на 1:1 и со тоа да го спаси својот Интер од голем срам, од голем кикс и пораз на гостувањето кај Монца. Шокантно, ова беше првиот удар во рамките на голот домашните. Ретко кој очекуваше вакво издание на шампионот, едно од најслабите изданија на гиганотот од Милано.

Здодевно беше се до 81.минута, речиси да немаше ниту една шанса на двете страни, и тогаш Мота успеа да ги шокира гостите за водство, за еуфорија кај домашните фанови, но за нивна жал недоволно за голема победа над големиот фаворит.

Со овој бод четата на Симоне Инзаги го загуби првото место на табелата, сега со 8 бода по 4.коло се наоѓа на делба на второто место со Јуве и Торино, лидер е Наполи со 9 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО